Измами со далечински пристап

Научете што е измама со далечински пристап и како тие често почнуваат кога некој ве лаже за да поправи некој проблем со вашиот компјутер што во суштина не постои.

Што е измама со далечински пристап?

Измамата со далечински пристап вклучува измамник којшто ви бара да инсталира софтвер (install software) за:

  • наводно да поправи некој проблем со вашиот компјутер
  • наводно да поништи некое грешно плаќање на сметката наместо вас
  • наводно да ве заштити од казна од владина агенција, на пример, од Даночната управа
  • наводно да запре прекин на вашиот пристап на интернет

Ниеден од овие проблеми не се вистински, и наместо тоа, софтверот му овозможува на измамникот пристап до вашиот компјутер, за да може да го користи далечински за да ви ги украде парите и личните податоци.

Како да препознаете измами за кражба на идентитет

Како функционира измамата со далечински пристап:

постојат неколку различни пристапи, но кај сите измами со далечински пристап (remote access scams) некој измамник неочекувано контактира со вас преку е-пошта (email), текстуална порака (text) или најчесто преку телефонски повик (phone call).

  • Измамникот ќе тврди дека се јавува од некоја угледна фирма (reputable business) или агенција.
  • Ќе ви поставува прашања за да разбере каков компјутер (kind of computer) имате.
  • Ќе се обиде да ве убеди да му дадете далечински пристап (remote access) (понекогаш нема да знаете дека тоа се случува).
  • Ќе ви бара плаќање (payment) или да инсталирате софтвер (install software).
  • Проблемите што измамникот ги препозна ќе престанат.
  • Плативте пари за софтвер што всушност не прави ништо.
  • Вашиот компјутер може исто така да биде заразен со злонамерен софтвер (malicious software) што ви го краде идентитетот.

Како да се заштитите себеси од измами со далечински пристап

Измамниците мора да ви упатат низ некои почетни чекори за да им дадете пристап до вашиот компјутер и за да ве направат да се интересирате, мора да ве убедат дека се работи за нешто итно. Мора да ги сметате сите вакви несакани повици како сомнителни и:

  • ако некој ве повика за наводен проблем со вашиот компјутер, едноставно затворете го (hang up) телефонот
  • ажурирајте го редовно противвирусниот софтвер (antivirus), бидејќи тој ќе го исклучува далечинскиот пристап и ќе врши скенирање на злонамерен софтвер
  • одбегнувајте да го користите компјутерот додека зборувате по телефон, бидејќи измамникот сака да му овозможите почетен пристап
  • ако компјутерот ви треба, не користете интернет и не посетувајте интернет-страници додека вршите повик
  • не складирајте напишани лозинки (written passwords) на компјутерот.
Вашиот давател на интернетски услуги или производителот на оперативниот софтвер (како што се Apple или Microsoft) никогаш нема да ве повикаат за да ви кажат дека нешто не е во ред со вашиот компјутер.

Што да правите ако ве измамат

Повеќето измами со далечински пристап само сакаат да платите за софтвер што не ви е потребен, но некои може да бидат поопасни и да ви ги украдат парите или личните податоци. Вие веројатно нема да добиете отштета за бескорисниот софтвер, но важно е да делувате брзо за да ги заштитите вашите финансиски средства и идентитетот.

  • Пред да ги измените вашите лозинки, деинсталирајте го (uninstall) софтверот што измамникот ве натера да го инсталирате, бидејќи овој софтвер може да има способност да чита што пишувате на тастатурата (вклучително и вашите лозинки).
  • Извршете детално скенирање користејќи го противвирусниот софтвер (antivirus suite).
  • Контактирајте со вашата финансиска институција за да ги измените лозинките или да ги откажете/издадете повторно кредитните или дебитните картички
  • Погледнете дали можете да поништите некое плаќање. Ова често не е можно, но секогаш вреди да се обидете.
  • Изменете ги важните лозинки, како што е онаа на вашата главна адреса за е-пошта и лозинката што ја користите за да се најавите на компјутерот.
  • Пријавете ја измамата кај Службата за следење измами на Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC's Scamwatch service) на www.scamwatch.gov.au/report-a-scam. Оваа интернет-страница вклучува образец што можете да го пополните, и исто така дава врски и информации како да добиете помош.
  • Исто така, можете да ја пријавите измамата како сметачко злосторство (или киберзлосторство) на интернет-страницата на Австралиската влада на cyber.gov.au.